дома Македонија (Фото) Какви цapeви: И во Maкедонија кафeaна само за невakциниpaни

(Фото) Какви цapeви: И во Maкедонија кафeaна само за невakциниpaни

Oд оваа недела во Македонија важат нови Ковид правила во угостителските објекти, соогласно кои во локалот или ќе има до 30 гости или ќе има редарска служба која ќе проверува дали гостите прележале коронавирус или се вакцинирани.

Ваквата одлука на Владата предизвика големо негодување од страна на граѓаните, но и на угостителите па така дел од угостителите ставија клуч на врата на локалите, а други пак се одлучија на поинаков начин да и се спротивстават на власта.

Па така Гостилницата кај Баба Цана објави табла на која порачува дека во гостилницата се добредојдени само невакцинирани посочувајќи дека капацитетот е ограничен до 30 гости.