дома Свет (Фото) МОДЕРНА, ЛУКСУЗНА И УНИКАТНА: Ова е Тојотата во која ќе се...

(Фото) МОДЕРНА, ЛУКСУЗНА И УНИКАТНА: Ова е Тојотата во која ќе се вози новиот јапонски цар

За време на церемонијата за крунисување која ќе се одржи на 22ри октомври, јапонскиот Цар Нарухито ќе се вози во луксузен кабриолет со отворен кров наречен „царски параден автомобил“.

Направен е според моделот на Тојота Century, а ќе го замени Рол-ројсот кој беше службено возило на јапонскиот император цели 30 години. Уникатноста на возилото се состои со мала модификација на задните седишта, кои ќе бидат поткренати за 40см за да може Царот поубаво да се гледа.

Автомобилот ќе се користи за разни свечености, меѓу кои и Олимписките игри во Токио 2020.