дома Спорт ФОТО: Надал на српски му се заблагодари на Ѓоковиќ за хуманиот гест

ФОТО: Надал на српски му се заблагодари на Ѓоковиќ за хуманиот гест

Новак Ѓоковиќ се приклучи во кампањата на Рафаел Надал за борба против коронавирусот и направил значителна донација.

Шпанскиот тенисер реши да му се заблагодари јавно на својот голем ривал на теренот, па дури уфрли и некој српски збор.

„Големо благодарам за Ѓоковиќ за неговиот допринос во нашата кампања за да им помогнеме на оние кои им е најпотребно во борбата против коронавирусот. Класа потег. ‘Хвала Ноле’“, напиша Надал.