дома Автомобилизам (ФОТО) НАЈМОЌНАТА ОКТАВИА ГО ПОКАЖА СВОЕТО ЛИЦЕ: Чешкиот произведувач ја скрати неизвесноста...

(ФОТО) НАЈМОЌНАТА ОКТАВИА ГО ПОКАЖА СВОЕТО ЛИЦЕ: Чешкиот произведувач ја скрати неизвесноста и покажа како ќе изгледа новиот модел

Чешкиот произведувач ја скрати неизвесноста и покажа како ќе изгледа новиот модел со високи перформански Октавиа „RS iV“.

Шкода објави три дизајнерски скити од спортската „RS“ верзија од четвртата генерација на моделот Октавиа, која ќе биде премиерно претставена на 3 март на саемот за автомобили во Женева.

Како прв „RS“ модел на Шкода во хибридна верзија, Октавиа „RS iV“„ е комбинација од автомобил со семејни карактеристики и спортски перформанси со ефикасност и издржливост“, велат од чешката компанија.

Хибридниот погон остварува сила од 180 kW, од Шкода велат дека овој модел има исклучително ниска емисија на CO2. На скиците освен лимузинската, претставена е и караванската верзија од овој модел.