дома Македонија (Фото) НА РЕД Е „ФРИКИ“: Јасна Мандиќ пристигна на pacпит во обвинителcтвотo

(Фото) НА РЕД Е „ФРИКИ“: Јасна Мандиќ пристигна на pacпит во обвинителcтвотo

Јасна Мандиќ директорка на 1ТВ пристигна на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, каде што претходно пристигна и обвинителката Вилма Русковска. Јасна Мандиќ е директорка на 1ТВ и потпретседателка на Меѓународниот сојуз кај Бојан Јовановски.

Како што соопшти Јавното обвинителство, вкупно се осомничени пет лица, а за едно се бара притвор. Неофицијално, станува збор за осомничената Јасна Мандиќ, која, заедно со Миле Јовановски, се сопственици на телевизијата „1ТВ“. Првоосомничен е Боки 13, кој е во притвор од 15 јули за случајот „Рекет“. За останатите тројца осомничени се бараат поблаги мерки на претпазливост.