дома Македонија (Фото) НЕВИДЕН CKAНДАЛ: Владата со итна уредба пренамени пари за исплата на...

(Фото) НЕВИДЕН CKAНДАЛ: Владата со итна уредба пренамени пари за исплата на плати во СЈО

На последната седница, Владата на Спасовски донела Уредба со законска сила со која се врши пренамена на буџетски средства за исплата на плати на истражителите од СЈО.

Ваквата Уредба веќе е објавена во Службен весник.

Веднаш следеа и реакции кај јавноста која смета дека во вакви услови, кога министерката за финансии изјавува дека во буџетот ќе и недостигаат 1,2 милијарди евра кои ќе треба да се земат како заем, оваа одлука е неумесна со оглед на тоа што СЈО не постои, главната обвинителка е во домашен притвор, а обвинителите, откако ги наполнија своите сметки со високите плати и астрономските бонуси, СДСМ ги згрижи во редовното обвинителство.