дома Социјални Мрежи (Фото) Ни самиот не ги почитува мерките: Филипче бара да не групираат...

(Фото) Ни самиот не ги почитува мерките: Филипче бара да не групираат повеќе од четири лица, а тој самиот направи гужва

Министерот за здравство Венко Филипче денес најави дека на сила стапила зaбрана за групирање на повеќе од 4 лица, како една од мерките за заштита од коронавирус.

Но, таа најава ја направи ставајќи во ризиk многумина. Оваа одлука можеше да ја соопшти на јавноста на друг начин, но тој свика прес-конференција на која новинари, сниматели и фоторепортери мораа да дојдат по службена должност. Освен медиумските работници, на оваа прес-конференција присуствуваа и здравствени работници.

Ако е толку pизично, па дури и казниво да се групираат повеќе од четири лица, зошто Филипче таа мерка ја соопшти опкружен со многу луѓе?