дома Балкан (Фото) Нepeaлнo…: Bo Пpиштинa извaдeн тeлeфoн „Нoкиа“ oд cтoмaк нa мaж кoj...

(Фото) Нepeaлнo…: Bo Пpиштинa извaдeн тeлeфoн „Нoкиа“ oд cтoмaк нa мaж кoj штo чeтиpи дeнa мy бил вo утpoбaтa

Во Универзитетскиот клинички центар во Приштина лекарите извршиле операција во и извадиле „Нокиа“ од стомакот на 33-годишен маж.

Веста за постапката ја објави докторот Скендер Телаку, нагласувајќи дека оперативната процедура е успешно извршена.

Лекарот додаде дека телефонот е изваден ендоскопски, без засек во стомакот. “Пред четири дена беше пронајден мал телефон во утробата на овој 33-годишен маж. Го извадивме телефонот поделен на три дела ендоскопски, без да му го пресечеме стомакот. Без компликации”, напиша докторот на официјалната страница на Фејсбук.

Телефонот „Нокиа“ бил отстранет од стомакот на човекот, но не било прецизирано како стигнал таму.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.