дома Занимливости (ФОТО) ОД ВОЈНИЧКИ ДО ТРЕНДОВСКИ ЧИЗМИ: Како мартинките станаа и останаа моден...

(ФОТО) ОД ВОЈНИЧКИ ДО ТРЕНДОВСКИ ЧИЗМИ: Како мартинките станаа и останаа моден тренд?

Чизмите „Др Мартинс“ се дизајнирани во Германија, а произведени во Нортемптон, Велика Британија, во 1960 година. Биле зaштитeн знак на поштарите, полицајците и луѓето кои многу време поминуваат стоејќи.

Но во 70-тите и 80-тите години на минатиот век станаа значајно обележје на стилот на младите и бyнтoвнитe, пред сè љубителите на панкот, кои ги комбинираат со кoжни јакни и фармерки.

Како што се врати панкот на голема врата во светот на модата, мартинките ги доживејаа своите пет минути. Сè почесто ги гледаме на пистите, а многу познати креатори соработувале со „Др Мартинс“ по повод новата колекција.

Денеска можеме да ги најдеме во широка палета на бои, украсени со цвеќиња и со различни други апликации.