дома Европско првенство (Фото) Пандев во небо на последниот тренинг за репрезентација

(Фото) Пандев во небо на последниот тренинг за репрезентација

Како и на секој тренинг на Македонија во последните шест години, така и на денешниот официјален пред дуелот со Холандија, можеше да се почувствува одличната атмосфера која што владее во редовите на националниот тим.

Селекторот Игор Ангеловски ги подели последните совети пред пресметката со „лалињата“, а овој тренинг мина во знакот на Горан Пандев, затоа што беше негов последен во својата богата играчка кариера.

На прес-конференција, Пандев потврди дека натпреварот со Холандија ќе биде негов последен во дресот на Македонија, па затоа на својот последен тренинг соиграчите му приредија изненадување и го „летаа до небо“ во знак на благодарност за тоа што го има дадено за дресот со националниот грб.