дома Актуелно (Фото) Поскапува водата во Скопје

(Фото) Поскапува водата во Скопје

По поскапувањето цената на електричната енергија со што Регулаторната комисија за енергетика и Владата го навлече гневот на граѓаните, сега поскапува и цената на водата во Скопје. Скопјани ќе плаќаат поголеми сметки за вода, прогресивно во наредните неколку години.

Одлуката ја донел Управниот одбор на ЈП Водовод и Канализација Скопје заедно со Регулаторната комисија, а поскапувањето денес се најде на седницата на Советот на Град Скопје. Цената на водата, односно тарифата постепено ќе се зголемува во наредните три години почнувајќи од 1 јануари 2021 година.

Сметките за вода во Скопје нема да поскапат вети Градоначалникот Петре Шилегов на седница на Советот на Град Скопје на 18 јули 2018-та година.

„Не се променило ништо за да ја менуваме цената на водата. Оваа информација ќе ја испратиме до Регулаторната комисија за енергетика, по чиј предлог се новите тарифи“, изјави пред само две години Шилегов.