(Фото) Пoтpecнo cвeдoштвo нa една скопјанка: “Пoвeќe oд eднa гoдинa ми влeгyвa нacилнo или ckpишyм, мe злocтaвyвa нa ceкoj мoжeн нaчин, ми cтaвa noж нa гpлo, ми ce зakaнyвa co y6иcтвo..”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Човекот” што повеќе од една година ми влегува насилно или скришум, ме злоставува на секој можен начин, крши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши. Со овие зборови скопјанката Емилија на социјалните мрежи обелоденува дека е злоставувана од својот партнер.

Според информации на ТВ 24 инцидентот се случил во вечерните часови. Во текот на денот искази се земени од неа и од посочениот кој таа го обвинува за насилство. На терен освен полиција од СВР Скопје се и од центарот за социјални работи.

МВР го потврдува случајот и велат дека е реагирано веднаш, а на Емилија и било посочено дека во секој момент надлежните институции и се достапни за секаков вид на помош.

„Од страна на Центарот за социјални работи на Е.Г. и е понудено сместување во шелтер центар, кој е одбиен од страна на Е.Г. Следен чекор е Е.Г. чија согласност се очекува, заедно со Центарот за социјални работи да покренат постапка за изрекување времени мерки пред надлежен суд.“ – велат од МВР.

Од МВР информираат дека ќе поднесат соодветна пријава против 38 годишниот маж.

Во својот исказ на социјалните мрежи таа потврдуваа дека полицијата интервенирала и во вечерните часови и го спасила животот, но сепак повикува надлежните да постапат во нејзиниот случај. Емилија сведочи дека насилството се случува подолг период. Според нашите информации релацијата подолг период била под притисок и со кавги. 

„Се разболев, тотално попуштив психички. Ќе извадам лекарско и ќе го тужам. Никогаш немало да верувам дека такви луѓе постојат. Ни на сон, ни на филм не сум верувала. Ова е неиздржливо.“ – вели Емилија.

Недоверба во институциите и страв од насилникот се дел од клучните проблеми за непријавување семејно насилство од страна на жртвите, сметаат дел од експертите.

Според податоците на МВР во претходната 2020 година, има вкупно 1.052 жртви на кривични дела во семејно насилство. 560 жртви на прекршоци и 3.839 жртви на поплаки со семејно насилство.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This