дома Македонија (Фото) Пpeтceдaтeлoт нa пoдмлaдoкoт нa СДММ Велес Шаќиров ce пoфaли дeкa co...

(Фото) Пpeтceдaтeлoт нa пoдмлaдoкoт нa СДММ Велес Шаќиров ce пoфaли дeкa co caмo 20 гoдини ce вpaбoтил вo ФЗOМ Вeлec

И во ек на економска и здравствена криза не запира трендот на полнење на јавната и државната администрација со партиска активисти.

Имено, деновиве се погласно се зборува за вработувањето на претседателот на подмладокот на Општинската организација на СДММ Велес, Љупче Шаќиров кој патем и самиот се пофали на својот Фејбуск профил во кој напиша дека започнал со работа во Фондот за здравствено осигурување во Велес.

Поговорката дека за некои државата е мајка, за некои маќеа има смисла со оглед на тоа дека Шаќиров има само 20 години и нема завршено високо образование, а веќе почнал да ја полни својата биографија со добро платени работни места.
Од друга страна пак, во истата институција за в.д директор е именуван Стево Крстевски кој пак е претседател на Општинската организација на СДСМ Велес.

Со ваквите вработувања повеќе од јасно е дека администрацијата стана дом за згрижување на партиските функционери на СДСМ, и покрај најавите од страна на премиерот дека администрацијата ќе се намалува се со цел да се намалат трошоците за непродуктивно трошење.

Јавноста и изминатиот период беше сведок на полнење на администрацијата од страна на СДСМ со партиски кадри, неквалификувани и неподобни за работните места, обврски и задачи на кои се назначуваат, а на тој начин наместо администрација во служба на граѓаните, се создава гласачка машинерија.

Но, во време кога се зголемува бројот на граѓани кои што ги губат своите работни места и се на работ на егзистенција, а државата е пред сериозен економски колапс се поставува прашањето дали има потреба од вакви вработувања и вдомувања на партиски војници на СДСМ, не само во подрачните единици, туку и во централните институции.