дома Македонија (Фото) Толку од обединувањето на Заев – Маричиќ и Весковски го напуштиле...

(Фото) Толку од обединувањето на Заев – Маричиќ и Весковски го напуштиле собирот уште не завршен за да пијат во Мартини во Лептокарија

Вечерва се се одржа предизборниот граѓански собир на СДСМ и Коалицијата во Скопје во спортската сала Борис Трајковски.

На собирот, претседателот на СДСМ Зоран Заев се обрати пред присутните и повика на обединување за вториот круг од гласањето на локалните избори кои треба да се одржат на 31 октомври.

И додека лидерот на СДСМ повикуваше на масовно обединување, кандидатот за градоначалник за општина Карпош, Душко Весковски, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ вечерва беа забележани во Мартини во Лептокарија.

Па, како Заев ќе го обедини народот, кога не може да ги обедини ниту членовите на својата партија, кои пред време го напуштија собирот.