дома Македонија (Фото) ТРИПУНОВСКИ НА ТЕРЕН: Три дена откако Димковски промовираше засејување на облаци,...

(Фото) ТРИПУНОВСКИ НА ТЕРЕН: Три дена откако Димковски промовираше засејување на облаци, град ги уништи посевите во Долнени

После вчерашното невреме денеска сум во посета на општина Долнени.

Најпогодено е селото Заполжани и околијата каде што градот уништил и до 80% од леите со тутун за расадување. Она што мене дополнително ме загрижува е фактот што три дена претходно Трајан Димковски промовираше систем со авионско засејување на облаците за заштита од град платен 1 милион евра народни пари истиот се покажа како нефункционален и апсолутно некорисен за земјоделците.

Време е да се стави крај на непотребно трошење државни пари за нефункционални и бескорисни проекти од страна на овој хибриден режим. Време е оваа катастрофална гарнитура на власт да замине во историјата, пишува на Фејсбук техничкиот министер за земјоделие, Цветан Трипуновски.