дома Европа (Фото) Ужac во Франција: Eдeн y6иeн и нeкoлкy пoвpeдeни вo нaпaд кaj...

(Фото) Ужac во Франција: Eдeн y6иeн и нeкoлкy пoвpeдeни вo нaпaд кaj цpквaтa Нотр-Дам вo Ница

Ужас ја потресе Франција утринава откако најмалку едно лице го загуби животот, додека неколку други се повредени во напад со нож извршен во близина на црква во областа Нотр-Дам во Ница.

Од јавноста е побарано да ја избегнуваат областа каде што се случил инцидентот. Во моментов вооружената полиција спроведува голема безбедносна акција.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси потврди дека наводниот сторител е приведен и се заблагодари на полицијата за брзата реакција.

Мотивот за нападот останува нејасен, но градоначалникот Естроси потврди дека, врз основа на досегашните докази, станува збор за терористички напад.