дома Занимливости (ФОТО) ФАТИМЕ ФЕТАИ НА СЛАВА КАЈ НОРА ШАЌИРИ!

(ФОТО) ФАТИМЕ ФЕТАИ НА СЛАВА КАЈ НОРА ШАЌИРИ!

Фатиме Фетаи беше една од блиските пријатели кои во семејниот дом синоќа ги пречекаа Нора Шаќири и нејзиниот сопруг Марко Марковиќ. „Ние двајца се сакаме и почитуваме, па затоа како и минатите 6 години така и оваа со радост и огромна почит кон неговата религија и славата која ја слави Св.Јован ја отворив вратата за нашите семејства и пријателите“, напиша Нора на социјалните мрежи.

Поранешната ТВ-водителка и новинар, сега вработена во Министерството за култура, во една прилика за „Женски магазин“ изјави дека со специјалната јавна обвинителка се како сестри и често уживаат во заедничките вечерни излегувања.

Шаќири е среќно мажена за музичарот Марко Марковиќ. „Се запознавме во за мене најтешкиот период во мојот живот. Еден месец по смртта на мојот татко некако успеав да соберам сила и да се замешам меѓулуѓе и тогаш се појави тој. Ме прегрна, ми изрази сочуство за татко ми и ми рече дека ќе ме чува засекогаш“, претходно изјави Нора за својот сопруг.

Извор:zenskimagazin.mk