дома Актуелно (Фото) Цела минута стоеше со наведна глава: Што кажа Тито откако се...

(Фото) Цела минута стоеше со наведна глава: Што кажа Тито откако се пokлони пред гpoбот на Делчев

Јосип Броз Тито во 1978 година скоро цела минута стоеше со наведната глава пред гробот на Гоце Делчев во црквата “Свети Спас” во Скопје и потоа рече: Слава на херојот.

Јосип Броз Тито во 1969 година во Универзалната сала во Скопје, на прославата на АСНОМ, ја призна Внатрешната македонска револуционерна организација и континуитетот на борбата на македонскиот народ за своја слобода и државност од Илинденскиот период наваму.

Веројатно судбината сакала да заминат на ист ден 4 мај.

Битката кај Баница е борба водена помеѓу четата на Македонската револуционерна организација на чело со Гоце Делчев против турскиот аскер кај серското селото Баница во 1903 година.

Борбата започнала утрото во 10 часот на 4 мај, Гоце Делчев прв припукал кон аскерот по што бил погоден и паднал на земја, при обидот да стане повторно бил погоден и загинал, а останатите продолжиле да стрелаат. Битката траела 30 часа и завршила на 5 мај во 16 часот.

Четврти мај 1980, иако можеше да се очекува најлошото – сепак постоеше надеж. А тогаш соопштение од конзилиумот на лекарите: “И покрај преземањето на сите неопходни мерки… Јосип Броз Тито почина во 15,05 часот”. Потоа уследи Прогласот од ЦК СКЈП и Претседателството на СФРЈ. Зборот се прошири насекаде. Луѓето чекаа по должината на пругата сè до Загреб. А синиот воз минуваше тивко и скоро бесшумно крај луѓето кои се слеаја крај колосекот како река за на својот Тито барем за миг да му упатат последен поздрав и да му ја изразат длабоката благодарност.