дома Локално (Фото) Чyдовиштe поголемо од 2 метри извадено од водите на Тиквешкото езеро

(Фото) Чyдовиштe поголемо од 2 метри извадено од водите на Тиквешкото езеро

Рибарот Глигор Чејков по 30 минутна борба на Тиквешкото езеро успеа да извлече сом, верувајте или не тежок цели 70 килограми и должина од 205 сантиметри.

Чејков ова свое достигнување го сподели на социјалните мрежи, поточно во групата KORMORANI каде напиша:

– На ден 13 Април 2021 г на Тиквешкото Езеро 19:20 ч. чекајќи крап удира сом. Рибар јас ( Глигор Чејков), Трска параболик (Harrison Aviator 3,9m 3,5 lib, Машинка (Daiwa Basia QDX), Основен конец монофиламент (sufuks tritanium 0,30 ), Подвез флуорксрбон 0,30, Јадица (hayabysa p-1 nrb 6 ka), Мамец боила (maros) mesna и pop up ( ico baits).

-Адреналинот трае сеуште. Оваа доживување му го посакуваме на секој спортски риболовец, додава Чејков.

Нам ни останува само да му честитаме, со надеж дека тој или некој друг негов другар рибар ќе го повтори ваквиот успех, па можеби и поголем, зошто да не.