(Фото) Јанушев пркocи среде Европа: Со лист ја покри Северна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес заседава Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на ОБСЕ на кој учествувам како шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија, пишува на Фејсбук пратеникот и поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Организација за безбедност и соработка на Европа е меѓународна институција кој е некој вид на форум за политички дијалог која има за цел безбедносна стабилизација на регионот, со помош на демократски средства и демократско владеење. Повеќето од 3.500-те вработени се ангажирани во операции на теренот, со само десетина проценти администрација.

Организацијата е дефинирана како регионална организација под закрилата на Обединетите нации (Глава VIII), која служи за рано предупредување, превенција на конфликти, управување на кризи и пост-конфликтна рехабилитација. Нејзините 56 земји членки се од Европа, Регионот на Кавказ, Средна Азија и Северна Америка што во суштина го опфаќа поголемиот дел од северната полутопка. Организацијата била создадена во време на таканаречената Студена војна како форум Запад-Исток.

Највисоките тела се Самитот и Министерскиот совет. совет, кој се состанува секоја недела во Виена, служи како редовно преговарачко и одлучувачко тело. Постојаниот совет е предводен од претседавач, кој се именува на една година.

Покрај Министерскиот и Постојаниот совет, постојат и Форум за безбедносна соработка и Економски форум, кои се дел од одлучувачките тела. Седиштето на Секретаријатот на ОБСЕ е во Виена, Австрија. Покрај тоа, организацијата има канцеларии и во Копенхаген, Женева, Хаг, Прага и Варшава.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This