дома Македонија (Фото) ЈСП Скопје со добри вести: Heмa повpeдени патници во cooбpaќajката во...

(Фото) ЈСП Скопје со добри вести: Heмa повpeдени патници во cooбpaќajката во Автокоманда

Според изјавата на возачот на автобусот дадена на внатрешната контрола на ЈСП Скопје, стои во соопштението, незгодата се случила околу 15 часот во момент кога автобусот (ЛАЗ) кој сообраќал на линија 50 стоел на автобуската постојка кај Шумарски факултет, за влез/излез на патници, и во него од позади удрило едно од двете патнички возила кои учествувале во незгодата.

ЈСП Скопје наведува дека МВР работи на целосно расветлување на случајот и апелира на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот, со цел избегнување на евентуални човечки жртви и поголеми материјални штети.

-Според извештајот на ЈСП Скопје за работењето во период јануари-јуни 2019 год, возилата на ЈСП Скопје учествувале во 73 сообраќајни незгоди, при што 50 биле по вина на патнички моторни возила, наведуваат од ЈСП Скопје во соопштеието.