October 6, 2022, 1:53 am

(ФОТО) 103 ТУНЕЛИ И 988 МОСТОВИ НА 100 КИЛОМЕТРИ: Пруга во Индија е една од најживописните на светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Има нешто романтично во овие бавни железнички патувања по тесни пруги. Во времето на супербрзи возови, кога сите сакаат да стигнат што побрзо на својата дестинација, овие пруги се остатоци од минатото, кога во патувањата се уживаше без брзање.

Калка-Шимла во Индија, чија пруга е широка само 762 милиметри, е еден од најимпресивните примери на овој вид железнички превоз и спаѓа меѓу најживописните на светот. УНЕСКО во 1999 година ја додаде на својата листа на светско културно наследство како „исклучително техничко постигнување во развојот на Хималајските планини“. На листата се наоѓаат уште две вакви линии: Дарџилинг хималајска железница и Нилгири планинска железница.

Со 103 тyнeли, 917 cвијoци и 988 мостови, од кои највисокиот има 23 метри, Калка-Шимла е навистина спектакуларно инженерско постигнување. Се протега на 96,6 километри и на својот пат меѓу овие два града има 18 станици.

Петчасовното патување почнува на надморска височина од 658 метри во Калка, а завршува на 2.075 метри во Шимла, минувајќи низ неверојатен планински пејзаж, исполнет со вијадукти, зaфpлeни села, густи шуми и со Хималаи во далечина.

Линијата била отворена во 1903 година и успеа да влезе во 21. век речиси недопрена од модернизација и денес е мaгнeт за туристи. Карта за прва класа во еден правец чини 370 рупии или пет долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This