дома Македонија (Фото) 250 ИЛЈАДИ ЕВРА „ФPЛEHИ ВО ВОДА“: “Новиот автобус се “закова” во...

(Фото) 250 ИЛЈАДИ ЕВРА „ФPЛEHИ ВО ВОДА“: “Новиот автобус се “закова” во место, а го платија 250.000 евра?”

Еден од четирите нови автобуси на метан кои Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при општина Прилеп неодамна ги набави, според нашите информации од очевидци синоќа имал дефект, пренесува Маркукуле.

Според информациите автобусот застанал во место вчера вечерта околу 20:00 часот и ја поминал ноќта на улицата “Мице Козар”, а откако денеска бил ставен во функција одново застанал кај автобуската постојка кај “Палма шоп”.

Четирите автобуси вредни околу 1 милион евра, претпријатието ги презентираше заедно со премиерот Зоран Заев неодамна во центарот на Прилеп.