дома Македонија (Фото) 3aeв облече шорцеви: Одигра партија фудбал во Желино

(Фото) 3aeв облече шорцеви: Одигра партија фудбал во Желино

Премиерот Заев на својот фејсбук профил објави:

Прекрасно спортско неделно попладне во Желино.

Со членовите на раководството на #СДСМ денеска во Желино пуштивме во употреба ново спортско игралиште, со средства од СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија, изградено во рекорден рок.

Ја искористивме приликата да одиграме партија фудбал и со тоа да го отвориме за користење за граѓаните на Желино.

Младите од оваа општина сега имаат нов современ простор за спортување и рекреација.

Спортот зближува, спортот е инвестиција во здравјето и иднината.

Продолжуваме да инвестираме во сѐ она што е важно за сите, подеднакво и во руралните и во урбаните средини.