дома Балкан (Фото) Baндализиран уште еден македонски автомобил во Грција

(Фото) Baндализиран уште еден македонски автомобил во Грција

Македонски туристи повторно беа жртви на вандализам од страна на локалното население во Грција. Инцидентот се случил на вториот крак во местот Вурвури, на плажата Кариди, каде автомобилот со македонски регистерски таблички, кој бил прекриен со церада, им бил изгребан на неколку места.

Македонските државјани го пријавиле инцидентот во полиција, но никој не се појавил ниту по два часа чекање на пеколното сонце, по што тие одлучиле да си заминат.

На паркингот каде што бил паркиран автомобилот на македонските државјани, покрај нивниот, имало уште еден автомобил со скопски регистерски таблички, кој исто така бил оштетен.