дома Европа ФРАНЦИЈА БАРА РЕВИЗИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ: Се надева дека ќе успееме да...

ФРАНЦИЈА БАРА РЕВИЗИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ: Се надева дека ќе успееме да го промениме своето име!

Од Француската амбасада во Македонија констатираат дека петочното гласање во Собранието го имало потребното мнозинство пратеници.

 

– Франција со задоволство констатира дека гласањето на 19 октомври во Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија го имаше потребното двотретинско мнозинство, за отпочнување на делот за разгледување на уставните амандмани, наменети за спроведување на Преспанскиот договор, склучен на 17 јуни помеѓу Атина и Скопје – пишува во соопштението од Француската амбасада.

Франција се надева дека дискусиите во Парламентот ќе доведат до ревизија на Уставот. Како што потсети Претседателот Макрон, Преспанскиот договор е добар за земјата, за регионот и за Европа.