August 18, 2022, 8:34 am

Франција воведе нови рестриктиви мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од мерките е затворање на ноќните клубови во следните четири недели
Француските власти усвоија нови, построги мерки против епидемијата од коронавирус, кои вклучуваат и затворање на ноќните клубови на четири недели.

„Дискотеките ќе бидат затворени четири недели, до почетокот на јануари“, изјави премиерот Жан Кастекс, кој ги повика Французите да ги намалат контактите.

Кастекс соопшти дека лицата над 65 години ќе можат да ја примат третата доза од вакцината без закажување, и додаде дека Владата планира вакцинација за деца на возраст од пет до 11 години.

Бројот на заразени е во пораст поради сојот делта, а во неделата се регистрирани 42 252 заразени лица во еден ден.

Досега во Франција се откриени 25 случаи на инфекција со најновата варијанта омикрон, додека од почетокот на епидемијата починале речиси 120 000 луѓе како последица на ковид.

Поради ваквата ситуација, американскиот Стејт Департмент упати препорака до своите граѓани да не патуваат во Франција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This