дома Европа ФРАНЦИЈА ЗАТВОРА УШТЕ ЧЕТИРИ ЏАМИИ: Проповдале радикален ислам

ФРАНЦИЈА ЗАТВОРА УШТЕ ЧЕТИРИ ЏАМИИ: Проповдале радикален ислам

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев вчера наредил да бидат затворени четири џамии, за кои се претпоставува дека проповедаат „радикална идеологија“.

– Прикривајќи се зад религијата, на тие места се одржуваат средби, чија цел е да и се даде поддршка на радикална идеологија, се наведува во соопштението на француското МВР.

Засега не се открива за кои точно џамии станува збор, единствено се нагласува дека се наоѓаат во источниот, западниот и северниот дел на Париз.