August 10, 2022, 8:53 am

Франција: Кандидатката на Републиканците ја почна претседателската кампања со пораката „или Макрон или ние“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една недела откако беше промовирана за кандидат на Републиканците (ЛР) за претседател на Франција, Валери Пекрес го оддржа својот прв говор во Мезон де ла Мутуалите во Париз, јави дописникот на МИА.

-Ние се враќаме, подготвени за битка. Французите го разбраа тоа, или Емануел Макрон или ние, рече таа само една недела откако стана републикански кандидат на изборите,  по нејзината внатрепартиска победа над Ерик Чиоти во вториот круг на Конгресот на ЛР.

Претседателката на регионот Ил-де-Франс ја почна својата претседателска кампања во Париз, со еднодневна средба на која присуствува парламентарци, градоначалници и локални републикански претставници.

Во овој прв голем предизборен говор од околу четириесет минути, Валери Пекресе ја бранеше желбата „да се запре неконтролираната имиграција“, „да се урнат гетата“ и да се бори против подемот на исламизмот.

-Нашиот главен предизвик е да ја обновиме нацијата. Имаме историја што треба да ја браниме, наследство, начин на живот, рече таа пропратена со ентузијастички аплауз на нејзините поддржувачи, инсистирајќи на важноста да се сподели „љубовта за нашата историја“.

За време на говорот Пекрес им оддаде почит на Ерик Чиоти, Мишел Барние, Ксавиер Бертранд и Филип Жувин, кои сите и ја потврдија нивната поддршка од крајот на минатата недела.

-Тие го направија изборот на свежина, лојалност и пријателство. Тие направија избори на државници. Ова единство е убаво и ме обврзува. Ќе бидеме еден за сите и сите за еден, нагласи Пекрес.

За време на нејзиниот говор, Некрес неколку пати го нападна  претседателот на Фрација.

-Не станува збор за оставање на иднината на Франција во рацете на неподвижноста (…) на Емануел Макрон, почна таа, додавајќи дека „оваа неподвижност е опаѓање. Тој ќе ја жртвува иднината за сегашноста, додека ние ќе ја реформираме сегашноста за да не ја заборавиме иднината“, рече таа.

Според неа, „Франција не е управувана“ и тоа е причината што „Републиката е распарчена“. „Ќе се бориме против поразот на неуправуваните работи“, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This