дома Свет ФРАНЦИЈА: Нов cмpтeн случaj од Koвид – 19

ФРАНЦИЈА: Нов cмpтeн случaj од Koвид – 19

Уште еден смртен случај на лице заболено од коронавирусот во Франција, со што бројот на жртвите од Ковид-19 се зголеми на три, јави дописникот на МИА.

Смртниот случај е регистриран во областа Оаз, со што во ова подрачје тоа е второ лице кое што починало од Ковид-19. Претходно, тука почина 60-годишниот наставник, кој пред тоа беше на лекување во Париз. Новата жртва е лице на осумдесетгодишна возраст.

Според градоначалникот на Компињ, Филип Марини, починатото лице личност „страдало од неколку други патологии“.