дома Македонија ФРАНЦИЈА 30.000, МАКЕДОНИЈА 150.000 МИГРАНТИ: Живот во Македонија ќе дојде од Сирија,...

ФРАНЦИЈА 30.000, МАКЕДОНИЈА 150.000 МИГРАНТИ: Живот во Македонија ќе дојде од Сирија, Ирак, Либија, Судан, Јордан…

Политиката на Заев за мигрантите е дотолку нелогична што ако се направи компарација со другите европски држави Македонија би требало да биде рамо до рамо со светските водечки економии по бројот на примени мигранти. Ако ја земеме за пример Франција, која со популација од 64 милиони државјани, од кои само 9 отсто се невработени и минимална плата од 1.751 евро и вишок средства од 1.5 % во владиниот буџет, одлучува да преговара да прими само 30 илјади мигранти.

Во меѓувреме, Македонија со популација од 2 милиони жители од кои 22. 9 проценти се невработеност и минимална плата од само 200 евра, со дефицит од 4.20 проценти во владиниот буџет, без преговори и референдум одлучува да прими 150 илјади мигранти, пишува Денешен.мк.

Покрај сите овие факти и економски показатели, Заев продолжува да тврди пред јавноста дека во Македонија ќе „дојде живот“, а доаѓаат мигранти кои ќе ги земат работните места, зголемат буџетниот дефицит  и задолжувањата  и дополнително ќе го уназадат напредокот на Македонија