дома Македонија Франција cycпендираше 300 илјади медицинcки лица кои не caкаат да се вakциниpaaт

Франција cycпендираше 300 илјади медицинcки лица кои не caкаат да се вakциниpaaт

Франција нема да ги толерира невакцинираните медицински лица. Во оваа земја се суспендирани 300.000 медицински лица.

Денеска е краен рок за нив да ја примат првата доза. Ако одбијат, им следуваат неплатено отсуство и забрана за доаѓање на работа. Врховниот суд забранува тие да добијат отказ.

Болниците се плашат дека ќе се појави недостиг на кадар. Во Франција, вакцините се задолжителни за здравствените работници и за вработените во старечките домови и итните служби. Мерката е усвоена во францускиот парламент летово бидејќи владата инсистираше дека е неопходна за да се заштитат пациентите и јавноста од новиот бран на коронавирусот. Од почетокот на пандемијата, повеќе од 113.000 луѓе починаа од ковид-19 во Франција, а властите велат дека повеќето од хоспитализираните во последниот бран на зараза не биле вакцинирани. Франција претходно воведе и ковид пропусница за влез во ресторани и други објекти. Во повеќе земји вакцинацијата е задолжителна за здравствениот кадар. Во Франција имаше протести поради рестрикциите за невакцинираните граѓани.