дома Свет Француската морнарица зaплени над шест тони kokаин

Француската морнарица зaплени над шест тони kokаин

Француската морнарица со рекордна заплена од преку шест тони кокаин во Гвинејскиот Залив во близина на Западна Африка, на товарен брод кој пловел од Јужна Америка, соопшти денеска поморската префектура на Атлантикот.

Тимот на францускиот носач на хеликоптери-амфибии „Диксмид“ вчера интервенира на бродот Најлан со одобрение од државата под чие знаме пловел бродот на Федерацијата Сент Китс и Невис на Карибите.

– Многу брзо, на бродот биле пронајдени 6.000 килограми кокаин, соопшти префектурата.

– Бродот Најлан, долг околу 105 метри, бил специјално следен, изјави истиот извор.

Акцијата е спроведена врз основа на разузнавачки информации пренесени од Француската управа за борба против дрога (ОФАСТ) и холандската полиција во соработка со Оперативниот центар за поморска наркотична дрога, меѓународна организација со седиште во Лисабон, Европол и бразилските власти.