дома Македонија ФРИЗЕРКАТА НА КИРАЦОВСКИ ВРАБОТЕНА ВО МЕПСО: Зема плата од 44 илјади денари

ФРИЗЕРКАТА НА КИРАЦОВСКИ ВРАБОТЕНА ВО МЕПСО: Зема плата од 44 илјади денари

Фризерката на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработена во државната компанија МЕПСО за неверојтна плата од 43.900 денари иако не го поседува потребното образование и единствено има завршено курс за фризер, пишува порталот Охрид Скај.

Станува збор за 33 годишната Павлина Котеска од Прилеп, која лично се познава со Кирацовски бидејќи според информациите во јавноста е негова фризерка. Кирацовски својата пријателка најпрвин ја вработил во Агенцијата за катастер и недвижнини на РМ со договор на дело, но Котеска била незадоволна од малата плата и немањето овласувања. Таа поради нејзиното незадоволство од преходното работно место реагирала кај Кирацовски, а потоа била вработена во МЕПСО, каде директор е Сашо Василевски. Споренд Охрид Скај за вработувањето на Котеска ургирал и министерот за транспорт и врски Сугаревски.