дома Занимливости Фризура на руска сенаторка стана хит на интернет

Фризура на руска сенаторка стана хит на интернет

Валентина Петренко е сенаторка на Руската Федерација и ја претставува Република Каказија. Нејзината фризура е првото нешто што ќе го забележите кај неа.

Во интервју од 2015 година за Echo of Moscow Валентина реши да ја разреши мистеријата за нејзината фризура, за која многумина коментираат дека личи на гнездо.

„Толку сум уморна од тоа прашање. Имам природно виткана коса, ја подигам, ставам шноли и тоа е тоа“, објасни таа.

Долгогодишната кариера на претставник на Руската Федерација има оставено големи траги на неа. Во 1993 година таа учествуваше во преговорите за ослободување на децата кои беа киднапирани и поради нејзините вештини беше наградена со медал за храброста.

Децата беа ослободени благодарение на оваа храбра жена.
Извор:кајгана.мк