дома Македонија ФРЧКОВСКА: Јанева беше на ЕЕГ пpeглед и ја снимаа главата

ФРЧКОВСКА: Јанева беше на ЕЕГ пpeглед и ја снимаа главата

Екс специјалната обвинителка Катица Јанева утрово била на снимање на главата. Дека била на ЕЕГ преглед за Телма потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. Во зависност од тоа што ќе кажат лекарите ќе се знае дали таа од болницата Жан Митрев ќе биде префрлена повторно во затворот во притвор.

Во четвртокот кога обвинителството го поднесе обвинението, бараше притворот за Јанева да биде продолжен, а денеска во кривичниот суд ова барање било прифатено. Но, паралелно на оваа постапка се води уште една а е поврзана со притворот.

Јанева понуди гаранција од три станови дека нема да бега а за тоа да ја пуштат од притвор. Кривичниот не ја ни разгледуваше гаранцијата туку ја отфрли. После нејзината жалба на оваа одлука, и судиите од скопска апелација одлучиле да не ја разгледуваат гаранцијата, туку му наложија на кривичниот суд тоа да го стори и ја вратија назад. Инаку притворот е продолжен и за Бојан Јовановски, а за Зоран Милески Кичеец е продолжен домашниот притвор. Тие се обвинети во случајот Рекет, чие обвинение сега чека оценка од судот.