дома КОВИД-19 (Коронавирус) Фудбалер на Реал Мадрид е пoзитивeн на кoрoнaвиpyc

Фудбалер на Реал Мадрид е пoзитивeн на кoрoнaвиpyc

Коронавирусот влезе и во фудбалскиот клуб Реал Мадрид, откако пред неколку месеци позитивен на Covid-19 беше и еден кошаркар на „кралевите“.

Шпанските медиуми денеска обелоденија дека еден фудбалер на „кралскиот клуб“ имал позитивен тест на коронавирус, по што е почната целокупната процедура за следење на протоколите. Мадридскиот весник „Марка“ прв го обелодени идентитетот на заразениот фудбалер, голгетерот Маријано Диаз, кој е ставен во самоизолација.

Зинедин Зидан им даде неколку слободни денови на фудбалерите, така што Диаз во последниот период не беше во контакт со соиграчите. Останатите „кралеви“ по враќањето во тренинг-базата ќе бидат тестирани на Covid-19, а доколку се појават нови случаи сериозно ќе бидат нарушени подготовките на мадридскиот клуб за реваншот од Лигата на Шампионите против Манчестер Сити.