дома Спорт Фудбалер не можеше да ја извади бурмата, па не влезе во игра

Фудбалер не можеше да ја извади бурмата, па не влезе во игра

Почетокот на дербито во унгарското првенство меѓу Дебрецен и МТК Будимпешта доцнеше седум минути затоа што десниот бек на домашните, Словакот Ерик Чикош, никако не можел да го извади венчалниот прстен од прстот.

Според правилата на ФИФА и УЕФА, секаков накит кој вклучува прстени, белегзии и обетки е забранет и мора да се тргне пред влегувањето на терен.

Ерик Чикош долго време пробувал да го извади прстенот а не помогнале ни луѓето од стручниот штаб, ни четвртиот судија па на крајот место него на терен влегол Ерик Кусњир. Главниот судија на мечот Балаш Берке немал намера да отстапи од правилникот:

https://twitter.com/enunabaldosa/status/1030888300616339457?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1030888300616339457&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F950899