дома Хроника Фaтeни „нa лицe мecтo”: Cyзбиeнa гpyпa штo kpaдeлa oд бaнкoмaти

Фaтeни „нa лицe мecтo”: Cyзбиeнa гpyпa штo kpaдeлa oд бaнкoмaти

Полициски службеници од СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за насилен криминал на 02.02.2021 околу 00:04 часот во трговски центар во Куманово го приведоа А.М. (40) од Косово при обид насилно да украде поголема сума пари од банкомат сместен во трговскиот центар. По преземени дополнителни активности, во врска со ова кривично дело, на граничниот премин Јажинце приведени се Ф.Л.(42), Б.Х. (39) и Б.А.(50), сите од Косово.

Против приведените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Куманово, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор.