дома КОВИД-19 (Коронавирус) „Фajзep“ ќe тecтиpa вakцинa пpoтив Koвид-19 и зa бeбињa

„Фajзep“ ќe тecтиpa вakцинa пpoтив Koвид-19 и зa бeбињa

Компанијата „Фајзер“ најави дека наскоро ќе почне да ја тестира својата ковид-вакцина и за бебиња.

Фармацевтската компанија, заедно со нејзиниот германски партнер со кој заедно ја создадоа првата вакцина против ковид-19, ќе тестира 4500 деца волонтери на повеќе од 90 локации во САД, Финска, Полска и Шпанија.

Ќе учествуваат деца на возраст од 5 до 11 години, на кои ќе им се дадат две дози од по 10 микрограми, што е приближно една третина од дозата што се користи за тинејџери и возрасни. Некои ќе добијат плацебо инјекции.

Тестирањето на новороденчиња од 6 месеци ќе започне за неколку недели, а тие ќе добијат доза од 3 микрограми.

До септември можеме да ги очекуваме резултатите за 5-11 години, додека пак за помладите подоцна.