дома Хроника Фataлнa нecpeќa вo Гевгелија: Дoдeкa извpшyвaл paбoтни зaдaчи пaднaл oд cкeлe, пo...

Фataлнa нecpeќa вo Гевгелија: Дoдeкa извpшyвaл paбoтни зaдaчи пaднaл oд cкeлe, пo штo пoчинaл нa лицe мecтo..

На 05.03.2021 во Полициската станица Гевгелија, од Итна медицинска помош Гевгелија, било пријавено дека на старата автобуска станица во Гевгелија, имало починато градежен работник при вршење на градежни работи.

На местото на настанот излегле увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, јавен обвинител и трудов инспектор, при што било констатирано дека се работи за Н.Т.(45) од Богданци кој околу 13:15 часот на објектот во изградба изведувал градежни работи при што паднал од скеле, по што починал на лице место.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција.