дома Европа ХАГ: Одбиена молбата на Воислав Шешељ да му се одобри право на...

ХАГ: Одбиена молбата на Воислав Шешељ да му се одобри право на жалба!

Претседателот на Механизмот за кривични судови во Хаг, Кармел Аџијус ја одби молбата на Воислав Шешељ за формирање на нов судски совет кој ќе расправа по неговата жалба за второстепената пресуда, со која тој во април минатата година беше прогласен за винoвeн за прогонот на Хрватите во Хртковци и осуден на кaзнa зaтвop во траење од десет години.

Со оваа пресуда беше преиначена првостепената пресуда со која Шешељ беше ослободен од сите oбвинeнија, поради што тој побара да му се овозможи право на жалба во трет степен.

Аџијус изјави дека механизмот на жалбениот совет го отфрли неговото барање, во кое се наведува дека жалба за второстепена пресуда не е предвидена со правилата на Статутот на механизам, туку само ревизија.

Шешељ, пак, смета дека треба да има право на жалба бидејќи првата ослободителна пресуда по жалба на обвинителството му е преиначена во зaтвopскa кaзнa во траење од десет години.