дома Свет Хакepи укpaдоа два милиони долapи од Tpaмп

Хакepи укpaдоа два милиони долapи од Tpaмп

Од сметката на Републиканската партија во Висконсин, хакери украле 2,3 милиони долари од фондот за предизборни активности на Доналд Трамп и реизбор на сегашниот претседател.

Биле забележани сомнителни активности на 22 октомври, а еден ден подоцна биле известени ФБИ, изјави претседателот на републиканците, Ендру Хит.

„Нема сомнение дека сега сме во неповолна положба, бидејќи очајно ни беа потребни парите за крајот на кампањата“, рече Хит, додавајќи дека истрагата е во тек.

Тој објасни дека хакерите користеле фактури од неколку работодавци одговорни за испраќање на промотивни материјали на Доналд Трамп.

„Фактурите беа променети и партијата наместо на нив им плати на хакерите“, рече Хит.

Трамп победи во Висконсин пред четири години.

Се смета дека тоа е една од клучните држави и за претстојните избори.

И Трамп и Бајден утре ќе го посетат Висконсин.