October 6, 2022, 1:38 am

ХАОС ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ НЕГОТИНО: Министерот Филипче им се заканувал со казни на приватните лекари?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашната средба на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Здравствен дом Неготино и матичните лекари, донесоа одлука да се обезбеди 24-часовна здравствена заштита на граѓаните во општина Неготино, соопшти денеска Министерството за здравство.

Со цел да се подобри достапноста на здравствените услуги за граѓаните во општина Неготино, матичните лекари ќе бидат вклучени во дежурствата во здравствениот дом во службата на Итната Медицинска Помош, се вели во соопштението.

Од Министерството за здравство соопштуваат дека договорна обврска на матичните лекари кои имаат склучено договор со ФЗОМ е да учествуваат во системот на дежурства. Токму затоа, за првпат се воведува вклучување на приватните лекари во дежурства во службата на ИМП во Здравствен дом Неготино, а по потреба ќе се шири и во останатите општини каде има недостаток на лекари во ИМП.

Меѓутоа, една од матичните лекари на еден од форумите на веб страниците, тврди дека на средбата приватните лекари одбиле да работат 24 часа. Таа вели дека не е изводливо да се работи толку многу време и вели дека ситуацијата во здравствениот систем е дно.

На ова известување од страна на анонимната лекарка, се надоврза и уште еден профил со коментар дека од министерството им се заканиле доколку не ја почитуваат оваа одлука.

Имено, казната за оној лекар кој нема да ја почитува оваа одлука, наводно би била 35.000 денари месечно, со тоа што се загрозуваат и лиценците кои ги имаат матичните лекари кои работат приватно, а со договор со ФЗОМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This