дома Свет ХАОС ВО ТЕХЕРАН: Експолозии, заложничка драма и бомбаши самоубијци

ХАОС ВО ТЕХЕРАН: Експолозии, заложничка драма и бомбаши самоубијци

Во Парламентот на Иран дошло до пукање во кое се повредени неколку лица, пренесуваат свветските медиуми. На другиот крај на градот, пак, во мавзолејот на имамот Хомеини, нешто подоцна имало пукање и експлозија.

Најмалку еден чувар е убиен а голем број се повредени. Новинската агенција Тасним објави дека во пукотниците се убиени седум лица. Повикувајќи се на извори од терен, агенцијата јавува дека четири лица се земени како заложници на горните катови на зграда.

Агенцијата Фарсњуз јави дека еден од напаѓачите во Парламентот е бомбаш-самоубиец кој моментално е опколен од безбедносните сили.

Претходно медиумите пренесоа дека во зградата на Парламентот има тројца напаѓачи и дека заложничката драма е во тек, а Тасним јави дека припадниците на тимот за ослободување во рамки на Револуционерната гарда убиле еден од напаѓачите во зградата на Парламентот.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како еден од напаѓачите е сликан со пушка во раце.

Брзо по пукањата во Парламентот, се случија други пукотници во мазолејот на имамот Хомеини, откако бомбашот се разнел. Во овој напад учесвувале четворица терористи, јави државната иранска телевизија. Еден се разнел, другиот е убиен во текот на конфликтот, трет се самоубил откако голтнал капсула цијанид а четвртиот напаѓач е жена која е уапсена во судирот со полицијата.