дома Балкан Хаос во хрватското Собрание: Пренар јадел јаболко, па на сила го изнеле...

Хаос во хрватското Собрание: Пренар јадел јаболко, па на сила го изнеле од салата

Обезбедувањето во хрватското Собрание денес на сила го изнеле пратениците на опозициската партија Жив Ѕид, Иван Пренар и Иван Синчиќ затоа што двајцата ја попречувале работата на Парламентот.

Тие биле исфрлени по барање на потпретседателот на Собранието Жељко Рајнер, откако Пренар на неколку пати ја прекинувал расправата за време на излагањето на Синчиќ.

Потпретседателот Рајнер веќе еднаш го опоменал Пренар да не јаде јаболко во салата, а ситуацијата кулминирала кога друг пратеник почнал да му дофрла додека на говорницата бил Синчиќ.

-Престанете да дофрлате од клупата. Доста беше и со тие јаболки, го опоменал потпретседателот Рајнер, а откако неговите предупредувања не биле испочитувани, тој го замолил пратеникот на Жив Ѕид да ја напушти просторијата доброволно доколку не сака обезбедувањето да го отстрани од собраниската сала.

Пренар му одвратил дека сигурно нема сам да ја напушти салата, по што службата интервенирала, а освен Пренар го исфрлиле и Синчиќ.