Скопје нема кандидат кој кажал збор или предложил решение за главните проблеми: Загадување, урбана мафија, СК 2014, пренаселеност, сообраќај, застарена инфраструктура. Скопје ти е ко капитален грев со кој никој не се нафаќа. Вакви несериозни кандидати заслужуваат само бојкот, напиша на својот ФБ профил провладиниот колумнист Ивор Мицкоски, на денот кога беа објавени кандидатурите на Петре Шилегов за Скопје и Стефан Богоев за Карпош.
Претходно и активистот на т.н. Шарена револуција преку социјалната мрежа Фејсбук повика на бојкот на локалните избори незадоволна од Владата на СДСМ, порачувајќи дека нема да гласа на изборите.
(ФБ Статус на Ирена Ристиќ)
Ние, граѓаните, мора, едноставно мора, да си го дозволиме луксузот да го доживееме комплетниот пад и тоталната мизерија… да останеме без ништо!
Во спротивно, ќе ја одлагаме агонијата и на сопствена штета, само ќе ја префрламе топката на двете подеднакво политички, идејно, системски и кадровски импотентни опции, од нетрпение и недоверба неподдржувајќи нови и креативни, чесни кадровски решенија…
Јас, на пример, нема да гласам на локалните!
Нека пропаднат!
Нека пропаднат, како што пропаднавме јас (у неколку наврати) и многу, многу други слични романтици…
Лека ноќ!
Размислете!
Без нас, они се ништо!
Не постојат!
Освен како како активист на т.н. Шарена револуција, Ристиќ настапуваше и на митинзите на СДСМ, а беше дел и од проектот „Контра вести“.
Ирена Ристиќ е една од многуте активисти на Шарената револуција, членови и поддржувачи на СДСМ кои не се задоволни од работата на Владата и воопшто нивната партија.
Пред неа се одзваа Душко млекарот, кандидатот за пратеник од САД, Зоран Ивановски, Златко Ориѓански, Маријан Даскаловски но и Општинската организација на СДСМ од Гостивар.
И најголемите поддржувачи на СДСМ разочарани од работата на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Поранешни пратеници и едни од лицата кои беа главни во предизборието за СДСМ, сега жестоко тргнаа против раководството на владеачката партија, обвинувајќи дека се заборавени од нив.
Покрај Ковачевски, Илиевски го повика и Кирацовски да му одговорат на пораките, а не да се кријат од оние со кои беа заедно соборци.