дома Балкан ХАРАДИНАЈ ГИ ПРЕКИНУВА СИТЕ КОМУНИКАЦИИ СО УНМИК: Премиерот на Косово изјави дека...

ХАРАДИНАЈ ГИ ПРЕКИНУВА СИТЕ КОМУНИКАЦИИ СО УНМИК: Премиерот на Косово изјави дека ќе ја прекине соработката со УНМИК!

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека од денес ги прекинува сите комуникаци со УНМИК, бидејќи извештаите кои мисијата ги праќала до ОН не биле точни.

Тој ова го изјави при посетата на фабриката за преработка на компири во општината Вучитрн, откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш оцени во својот последен извештај дека најголем проблем во односите помеѓу Белград и Приштина е данокот од 100 отсто на српски производи, јавува Танјуг.

„Ние повеќе нема да комуницираме со нив. Луѓето во УНМИК праќаат невистинити извештаи.Тензијата помеѓу Косово и Србија ја предизвика војната и непризнавањето. Тензии ќе има се додека не биде признаено Косово.“, рече Харадинај.

Харадинај изјави и дека нема да дозволи корекција на границите, и дека Приштина е спремна за Спогодба по сите теми освен територијата и границите.