дома Балкан ХАРАДИНАЈ СО ОБВИНУВАЊА: Русија дестабилизира, САД и НАТО значат мир

ХАРАДИНАЈ СО ОБВИНУВАЊА: Русија дестабилизира, САД и НАТО значат мир

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека активното присуство на Русија го дестабилизира Балканот, а политиката на САД и НАТО значат мир на таа територија.

Харадинај на својот профил на „Фејсбук“ реагираше на изјавата што рускиот претседател,  Владимир Путин, ја даде за белградските медиуми дека политиките на САД и западните сојузници се дестабилизирачки фактор на Балканот.

„Активното руско присуство на Балканот имплицира дестабилизација“, напиша Харадинај и додаде дека политиката на САД и НАТО на Балканот значи повеќе мир, стабилност и развој.