January 30, 2023, 9:21 am

Холандија ги зaocтpи мepкитe: Зaтвopa кaфyлињa и pecтopaни, нeмa aлkoхoл пo 20 чacoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холандскиот премиер, Марк Руте објави дека земјата мора да се врати во „делумна блокада“ за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Денес најавуваме нови и строги мерки, и всушност се движиме кон делумна блокада“, рече Руте на прес-конференција.

Баровите и рестораните се затвораат, но ќе биде можно да се подигнат нарачки и да се врши достава.

Ќе бидат забранети јавни собири на повеќе од четири лица, а забранета е и продажба на алкохол навечер.

Руте рече дека мерките, кои ќе траат најмалку четири недели, стапуваат на сила во среда, а ефектите по две недели ќе бидат разгледани.

Доколку тие се неефикасни, може да се воведат уште построги ограничувања, рече министерот за здравство Хуго де Јонге.

Училиштата ќе останат отворени и јавниот превоз е во функција, спротивно на мерките што беа воведени за време на делумната блокада на почетокот на оваа година.

Носењето маски ќе биде задолжително во затворен простор за сите лица на возраст од 13 години и постари.

Рекордни 7.400 случаи беа регистрирани во вторникот. Во земјата со 17 милиони жители има повеќе од 187.000 заразени.

Владата на премиерот Марк Руте не сака да воведе мерки што може да му наштетат на кревкото економско закрепнување, но здравствените експерти започнаа да вршат притисок врз владата да преземе мерки за да се спречи нарушување на здравствениот систем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This